Користејќи историски документи и слики од дрон, историчарот на уметност Силвано Винчети тврди дека го идентификувал камениот мост прикажан зад Мона Лиза на Леонардо да Винчи, ставајќи ѝ крај на мистеријата од 500 години.
Винчети, еден од најголемите проучувачи на Леонардо да Винчи (1452 – 1519), верува дека надвозникот прикажан на сликата од 16 век е етрурско-римскиот мост наречен мост „Ромито“, кој порано се протегал на реката Арно во близината на Латерина, село во провинцијата Арецо во италијанскиот регион Тоскана.
Винчети вели дека најелоквентниот детаљ е во бројот на сводовите. Користејќи ја големината на преостанатиот лак, тој утврдил дека четири лака со иста големина совршено се вклопуваат низ делот на реката Арно. Мостот на сликата на Леонардо имал четири свода, пишува „Гардијан“.
Документите пронајдени во државните архиви на Фиренца покажуваат дека мостот бил „многу прометен“ во 1501-1503 година, кога Леонардо бил во Вал д’Арно.
Винчети исто така тврди дека геолошка формација на 15 километри од Латерина е прикажана лево од Џоконда.