Младата виолинистка, професорката Наташа Диденко, промовира две книги во рамките на 52-то издание на културната манифестација „Илинденски денови“ во Битола. Таа пред битолската публика ги претстави делата „Октомвриските фестивали на народни игри и песни во Битола, Штип и Скопје, 1947-1952“ и „Развојот на дејноста на музичките културно-уметнички организации и манифестации во Македонија“.

Промотор на двете книги на Диденко беше професор д-р Биљана Ристовска-Јосифовска. Авторката на двете книги беше презадоволна од гостопримството на битолските љубители на културата и директорката на Домот на културата, Билјана Андоновска – Илијевски.

– Промоцијата на двете мои книги беше во рамките на 52-ро издание на манифестацијата „Илинденски денови“.Со ваквата промоција се задржува актуелноста на монографиите и се отвора простор за идна соработка со оваа интернационална манифестација.Желбата и поривот да се афирмира уште повеќе македонското творештво ме водат во насока да го зголемувам својот ангажман и повеќе да истражувам и да се занимавам со помалку досега обработени актуелни теми – истакна авторката Наташа Диденко и посочи дека во моментов работи на две монографски публикации кои се надева во блиска иднина дека ќе бидат промовирани. З.А.