НУ библиотека „Григор Прличев“, заедно со општина Охрид, во чест на денот кога Прличев во Атина е овенчан со Лаворов венец за поемата „Сердарот“ ја промовираше збирката раскази „Пред црковните порти“ од Смиле Наумоски-Брсјак. Меѓу кориците на оваа книга на Брсјак се наоѓаат дваесет приказни на границата меѓу доброто и злото, сонот и реалноста, стварноста и илузијата, можното и неможното, реалното и посакуваното.
Насловниот расказ, во духот на нашата најдобра книжевна традиција, пред петнаесет години ја освои првата награда на конкурсот за расказ „Живко Чинго“.
Книгата ја промовираа Кристина Николовска и Милчо Јованоски. Промоцијата се одржа во Прличевата одаја на библиотеката.