Фото: Фејсбук

Ретка и убава можност книгата да дојде блиску до читателот и тоа во директна средба
со авторот претставува денешната промоција на романот „Денот на црвот“ од Симона Јовановска во издание на издавачката куќа „Или Или“. Настанот што ќе се случи напладне во галеријата на домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци добива уште поголема тежина затоа што станува збор за литературно дело закитено со една од најпрестижните литературни признанија во Македонија „Роман на годината“ за 2021 година кој по 23 пад го додели фондацијата „Славко Јаневски“.

Денеска на промоцијата во Кавадарци за наградениот роман ќе говори промоторката Ноне Ноциќ, претседателот на фондацијата познатиот новинар Ѕвездан Георгиевски, претставник на издвавачката куќа „Или Или“ и секако авторката Симона Јовановска. „Денот на црвот“ е роман кој од ред во ред , од страница во страница постојано
изненадува.

– Ракописот на Јовановска изобилува со свежи компарации никаде досега
сретнати, ненаметлива духовност, понекогаш со одмерена доза сарказам. И без исклучок проникливост и интелигентност! Сето ова во комбинација со неспорниот талент и безмалку зачудувачката и зрела раскажувачка вештина, му овозможува на нејзиното дело висок дострел – ќе кажат за романот.

За Јагода Михајлова Георгиева романот „Денот на црвот“ е вешто раскажан, со
суптилен хумор и умешно поврзување на настаните и лајтмотивите. Овој роман низ различни перспективи, проникливо ги истражува околностите, животните искуства и личната несигурност како мотиви зад постапките на многубрјните вечатливи и реалистични ликови.

Калина Малеска смета дека она што најмногу плени во овој роман е токму тивката и премолчена поврзаност на самите ликови, на нивната сличност во копнежот за преживување и наоѓање на свое место на тресетната почва обременета со социјални и духовни недоречености и дисторзии. Симона Јовановска е сурова со своите ликови, таа се оддалечува и се приближува на нивните судбини, ги одбедува во неврат, но и ги спасува од можно пропаѓање. Тоа е конгломерат од карактери чии духовни топоси се многу различни, но страдањето е исто – бесмилосно и големо. Ми.М.