Фото: Пиксабеј

Техно

Пријатни и насмеани келнери, кои не очекуваат ни бакшиш за возврат. Тоа можете да го видите во Дервента, кој е еден од првите градови во Босна и Херцеговина што воведе вештачка интелигенција во угостителството.
Во видео објавено на интернет ќе ја запознаете Бела, која работи со полно работно време, без пауза, а не зема плата за својата работа. Нема замерки и сѐ работи со песна.
– Засега имаме двајца келнери роботи чија цел е да им ја олеснат работата на некои вработени, а не да ги заменат, односно да носат храна од кујната до масата или барот. Програмирани се така што кога роботот ќе дојде до таа маса, се врти кон вас, се насмевнува и вели: „Здраво, јас сум Бела“. Кога ве послужува, таа на некој начин сигнализира дека е дојдена на вашата маса, а вие како гостин треба да се послужите себеси – информираат од ресторанот.