фото: фестивал „Крик“

По повод Денот на победата над фашизмот – 9 мај, кога е и последниот ден од изложбата „Црвеното училиште“ на Дубравка Угрешиќ, „Контрапункт“, ќе се одржи и промоција на четири книги („бокс сет“) од Угрешиќ, во превод на Владимир Јановски и Алек Кузмановски.

Изложбата и промоцијата се во рамки на деветтото издание на „КРИК“ – фестивал за критичка култура и Мултумедијалниот институт од Загреб.

Во рамки на промоцијата ќе бидат претставени четири книги од Угрешиќ, „Штефица Цвек во челустите на животот“, „Црвеното училиште“ „Тука нема ништо!“, во превод на Владимир Јанковски и „Нарилник за вештерки“ во превод на Алек Кузмановски.

Промоцијата ќе се одржи в четврток во КСП Центар – Јадро, со почеток во 19:30 часот.

На промоцијата е најавено дека ќе говорат писателот, преведувач и теоретичар на книжевноста Владимир Јанковски и филозофот, директор на Мултимедијалниот институт од Загреб и издавач, како и близок пријател на Дубравка Угрешиќ, Петар Милат.