Фото: М.Т.

Писателката ги претстави своите седум нови книги

Вчеравечер во „Музејот на револуцијата“ во Скопје, писателката Мирјанка Ристеска-Селчанец претстави седум нови книги, создадени во последните четири, пандемиски години.

Датумот на промоцијата, 3 Ноември, не е случајно избран бидејќи Мирјанка е прилепчанка, па затоа се беше во духот на нејзиниот роден град, кој пред десетина години ја наградил со награда за животно дело. А синоќа се искреше од емоции, спонтаност, ведрина, но и тага, а сите што беа дел од оваа вечер, ги спојуваше љубовта кон пишаниот збор и поврзаноста со Мирјанка Селчанец.

И покрај своите 77 години, што со леснотија ги носи, таа својата жед за творење секодјневно ја напојува со испишување нови страници, во сите литературни жанрови. Овојпат беа претставени: двотомниот автобиографски роман „Која сум јас“, збирката раскази „Жолти чевли“, романите „Прими ме Господи“ и „Број 77“ и стихозбирките „Божја виделина“ и „Стариот нотес“.

Модераторката на настанот, Благојка Филипчева, која ја отвори вечерта, рече дека Мирјанка е посебна дама во македонската литература, која интимно се исповедува во своите дела и игра непрекината шаховска паритја со животот. Таа се наврати и на детсвото на авторката, кога таа низ своите активности (рецитарството, пишување, радиоводилетство, свирење виолина…) го осознавала светот околу себе, откривајќи кон кои цели ќе се движи во своето духовно и креативно растење.

А Мирјанка, видно возбудена, се потруди, на секој што дојде на нејзината промоција да му посвети внимание и убав збор. Таа се потсети на аманетот на нејзиниот дедо Ордан, кој кога починал таа имала само пет години. Тој и порачал постојано да пишува, за семејството,за се што ја опкружува, бидејќи мора да создаде една животна симфонија. И таа пишувала за тешките денови на своето семејство,за преселбите, неправдите, но и за првата љубов, за среќата и за тагата и досега создала, верувале или не 40 дела во сите литературни жанрови.

Фото: М.Т.

-Не можев да верувам дека волкава сала ќе се наполни со драги луѓе, што ми го качија срцето во грлото, кои ми го украдоа гласот, возбудена сум и сите ве сакам што сте тука вечерва бескрајно – рече писателката, поздравувајќи ги присутните.

Нејзниот соученик уште од петто одделение, со кој е во пријателски односи до денес, стоматолого, д-р Благоја Ванески, во рецензијата за автобиогарсфиот роман „Која сум?“ нагласи дека Мирјанка од својата професија созадала религија.

– Мирјанка го исполни ветувањето што му го даде на дедо Ордан, кој на својата петгодишна итрица и даде обврска се што гледа да раскаже кога ќе доде време за тоа. Мислата и блеснува и некој шепот и вика: „Пишувај Мирјанке, раскажи ги семејните, но и историски собитија“, а еве кажувањето е пред нас. Мирчевиот ген не знае да престане,за неа животот е она што се случува, а не она за што мисмиме дека е. Таа е мајстор за оригинална композиција, има поетска сензибилност, верно го доловува животот, но притоа не го губи оптимизмот – нагласи Ванески.

За збирката „Од стариот нотес“, која Мирјанка почнала да ја пишува уште во гимназија, говореше судијата, филмофил и писател Слободан Беличански.

– „Од стариот нотес“ е мала но вредна книшка, која ги грее срцата на своите читатели. Тоа книга за една срамежлива, умна гиманзијалка која 1959 година го започна книжевното создавање во литературата. Продолжи и следната 1960 и во својот стар, до денес сочуван нотес остави поетски творби кои не се само основа за некоја задоцнета сентиментална возбуда, туку творби кои сведочат дека нивниот автор бил извонредно упатен во тајните на книжевното создавање. Единственои што може да и се забележи на Мирјанкае што не се пројави во литературата уште тогаш и што чекаше се до 1997 година, да го стори тоа. Вториот дел од книгата е посветен на нејзниниот починат брат Влатко Мирчевски, а ќе сретнеме и песни за немирното време во кое живееме и за минливоста на животот – рече Беличански.

Одломки од книгите сугестивно и со многу емоции прочита Павлинка Чочкова Зафировска, а промоцијата со музички точки ја збогатија: хорот „Серенада“, оперската пејачка Серафина Фантаузо и Васил и Вера Павловски. М.Т.