За придонес во промоција и популаризација на рускиот јазик и руската култура во земјава
Денес во Амбасадата на Руската Федерација беше одржана церемонија на доделување благодарница од Министерството за надворешни работи на Русија до истакнатиот македонски писател и преведувач Ефтим Клетников за неговиот придонес во промоција и популаризација на рускиот јазик и руската култура во земјава.
– Креативна дејност на г-дин Клетников беше забележана како придонесувачка за збогатување на културите на братските руски и македонски народи, за развојот на образовна и културна соработка на нашата земја. Му го честитаме на г-дин Клетников добивањето на благодарноста и му посакуваме нови професионални достигнувања и инспирација на неговиот творечки пат – информираа од Амбасадата на Руската Федерација.