По успешните концерти во „Коларац“ во Белград и Македонската филхармонија во Скопје, патувачкиот омнибус на македонскиот камерен оркестар „Профундис“ и светски познатата виолинистка Ирина Мурезану го најавуваат следниот концертен спектакл – овој пат пред публиката во Нови Сад. Ова е уште едно во низата интернационални гостувања на „Профундис“ оваа сезона, по спектакуларните настапи на сцената на престижниот фестивал „Раванелиус“ во Србија и „Котор арт“ во Црна Гора.
– Да се ​​настапува на иста сцена со Ирина Мурезану со нашата концертна турнеја во Скопје, Белград, а сега и во Нови Сад, е вистинска чест. Нејзината виртуозност и страст кон виолината се неспоредливи, а спојувајќи ги заедно со нашиот камерен оркестар „Профундис“ создаваме музичко искуство што ќе допре до срцата на новосадската публика. Концертот е прослава на универзалниот јазик на музиката и ги повикуваме сите да ни се придружат на оваа незаборавна вечер – изјави Ѓурѓица Дашиќ, уметничка директорка и диригентка на камерниот оркестар „Профундис“.
Романската виолинистка Ирина Мурезану ги освојува срцата на публиката и на критичарите со нејзините возбудливи, елегантни и искрени изведби на класичниот, романтичен и модерен репертоар. Свири на виолина од 450.000 евра и е лауреат и добитничка на главната награда на натпреварите за виолина во Монтреал интернационал, Вашингтон интернационал, Про музицис интернационал и наградата Кралица Елизабета 2.
Настанот ќе се одржи вечерва, со почеток во 20 часот, во Новосадската синагога.