Со изложба на акварели под наслов „Во потрага по совршениот акварел“, во музеј-галеријата во Кавадарци, ликовниот уметник Лазар Дојчинов ја одбележа својата петдеценсика творешка дејност во областа на ликовната уметноств. Изложбата содржи 100 дела исклучиво акварели од кои најголем дел создадени последните две години. Дојчинов е едне од кавадаречките ликовни уметници со најглем број на ликовни дела кои се дел од приватни колекции во домовите на кавадарчани и пошироко. Акварелот е неговата лична карта, неговото име и презиме, препознатлив белег во кој може да се препонае неговиот исклучителен талент.
Вљубен во своето Кавадарци и Тиквешијата, Дојчинов својата инспирација ја црпи од секојдневниот живот, од топлите пејзажи во Тиквшијата, Моклиште и прекрасните јавори покрај реката, Тиквешкото Езеро, од гроздоберот и плодовите на виновата лоза, цветовите на овошките, афионот и булките, птиците, лубеницата, калинката, а не е мал и бројот на дела каде негова инспирација е убавината на жената и скулптурата на големата мајка.
Лазар Дојчинов е член на Здружението на љубители на уметност „Роднокрајци“ од Кавадарци и активен член од бројните активности кои здружението ги организира и повеќе од две децениии.
На отворањето на изложбата за неговото творештво говореше кустос Трајче Цветков, а своја поезија прочита поетесата Тодорка Андова. М.М.