фото: Зоран Антоски

Изложба на творби создадени на осмата по ред „Младинска керамичка работилница за изработка и дизајн на керамички производи“ создадени од учениците од ОСУ„ Мирко Милески“ и ОСУ „Дрита“ Кичево вечерва ќе биде отворена во ликовниот салон на Ценатрот за култура во Кичево, со почеток во 19 часот.

– Вечерва со почеток во 19 часот во ликовниот салон од Центарот за култура „Кочо Рацин“ ќе биде отворена изложба на керамички производи создадени на осмата по ред „Младинска керамичка работилница“ што во текот на летото се одржа во најгрнчарското село во земјава, Вранештица. Керамичките производи беа создадени од 15 ученици од двете средни училишта ОСУ „Мирко Милески“ девет и од ОСУ „Дрита“ шест ученика. На вечерашната изложба ќе бидат претставени повеќе од 30 дела кои потоа ќе бидат прикажани и на изложби што ќе бидат организирани во соседните и главниот град. Ментори на учениците кои зедоа учество на „Младинската керамичка работилница“ беа професорите по ликовна уметност Мирослав Крстески и Валдета Ибиши – истакна Маја Николоска-Сиљаноска, портпарол на Центарот за култура во Кичево.

фото: Зоран Антоски

Во изминатите седум керамички работилници беа создадени повеќе од 300 керамички производи кои се планира да бидат дел од трајната поставка што ќе биде лоцирана во Центарот за култура.

Инаку на првите шест работилници учествуваа и ученици од ДСУ „Лазар Личеноски“од Скопје.

З.А.