Од 30 август до 3 септември, кореографката и професорка Искра Шукарова беше гостинка на биеналниот настан „Танцмесе“ во Дизелдорф, Германија.
Шукарова беше поканета како дел од мрежата „Глобал практис шеринг“ од Њујорк, каде што таа како член има реализирано многубројни соработки.
Настанот „Танцмесе 2022“ ќе ја обележи новата ера во насока на дигитализација, екологија и економска одржливост како примарни насоки за развој на перформативните пристапи. Со прикажување дела од различни страни на светот ќе бидат споделени најновите танцови продукции во полето на современиот танц.
На саемот за танц, во периодот од четири дена, присуствуваа повеќе од 7.000 компании, прикажувајќи најнови продукции и програми од современиот танц.
Престојот на Шукарова беше покриен преку фондацијата „Траст фор мјучуал андерстендинг“ од Њујорк.