Посети го музејот
Eтнолошкиот музеј во преспанското село Подмочани има една од најбогатите етнолошки збирки во Македонија. Во него е сместена ретка и импозантна збирка на над 2.000 уметнички детали: прекрасни примероци на накит, оружје, стари монети и над 160 различни македонски народни носии од разни области на Македонија.
Етнолошкиот музеј во селото Подмочани, општина Ресен, е во сопственост на неуморниот колекционер Јоне Ефтимовски и неговото семејство. Во неколкуте соби од куќата е изложен дел од збирката, која содржи над 3.000 предмети. Народни носии, накит, монети, оружје и слично го сочинуваат етнолошкото богатство што ова семејство го собирало и грижливо го чува со децении.
Музејот се наоѓа на главниот пат што минува низ селото, а гостопримливите домаќини се секогаш тука да ве пречекаат.