Документарниот филм на Константин Плевнеш „Автобиографија на човекот-гулаб“ беше прикажан во официјалната конкутенција на Интернационалниот фестивал на краток филм во Сиетл, САД, и се здоби со „Награда за социјален импакт“.

Во својата досегашна хронологија овој филм, кој ја раскажува потресната приказна на крвавото распаѓање на Југославија, низ драмата на семејството на скопскиот бездомник Владимир Степановиќ, е прикажан на триесеттина фестивали во Европа и во светот.

На фестивалот во Сиетл, пристигнаа околу 3.000 филмови од 97 земји, а официјалната селекција беше составена од 50 филмови.