Првото издание на Интернационалниот поетски фестивал Екс Либрис Скопје започнува вечерва во 19 часот. Заради околностите предивикани од ковид-19 под мотото „FESTIVAL IN PROGRESS“ во текот на неколку месеци ќе се одржат десетина настани како дел од програмата на првото издание, кои покрај поетски читања, опфаќаат и преведувачки работилници, дискусии, предавања, промоција на изданија на значајни светски и домашни автори.

Вечерашниот настан со кој започнува фестивалот Екс Либрис Скопје е партнерски организиран со Шкотскиот поетски фестивал Станца – преведувачката работилница „Најдено во преводот“ – дискусија и поетско читање на македонски и британски поети и преведувачи, меѓу кои и Питер Мекеј, Тања Хершман, Катица Ќулавкова, Митко Гогов и Никола Ѓелинчески.

Тие соработуваа во текот на шест месеци на работилници на кои ги дискутираа нивните поетики и создаваа нови креативни препеви на нивните дела кои ќе бидат презентирани вечерва. Проектот е поддржан од програмата на Британскиот совет за финансирање меѓународни проекти од полето на книжевноста.

Публиката ќе може да го следи настанот онлај на платформата ЗУМ (ZOOM) на следниот линк.  Meeting ID: 791 668 4365 – Passcode: 1RwUBK