Композиторката Дарија Андовска ќе има целовечерен мултимедијален концерт во градот Сан Џулијан во Малта, насловен „Liquid-Crystal“ како и нејзиното авторско цеде во издание на Сојузот на композиторите на Македонија-СОКОМ. Автор на видеата на концертот е Мартин Иванов.

Андовска работи како вонреден професор на Факултетот за музички уметности и на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Нејзините дела се изведувани, издавани и наградувани во триесетина земји. Избрана е меѓу најдобрите шест млади и актуелни композитори во Европа за MusMA- Music Masters on Air.

Добитник е и на наградата „Истакнат уметник на Град Цирих – композитор“ за 2014/2015, како и на домашните награди „Виртуоз“ – за најдобар композитор во 2013 и во 2015 година, и на „Панче Пешев“ во 2018 – награда на СОКОМ за највисоко достигнување од областа на музичкото творештво.