По повод празникот 7-ми Септември денот на ослободувањето на Кавадарци во музеј-галеријата во Кавадарци вечерва во 18 часот ќе биде отворена изложба на фотографии под наслов „Идентитетот на времето“ од младиот и омилен фотограф на кавадачќани Ристе Стамаџиев.

Тој е роден 2000 година во Кавадарци но зад себе има огромен опус на фотографии од кои во голем процент се посветени на градот Кавадарци. Негува специфичен уметнички стил, со силен авторски печат а играта на колоритот е магијата која се чуствува во кликот на овј млад уметник на фотографијата.

Ристе Стамаџиев за себе вели дека не фотографира туку дека пишува во свтелината со голема посветеност, со желба за вечен незаборав на секое негово дело. За неговите уметнички фотографии кои тешко може да се избројат иако се работи за млад автор, фото критиката на Македонија ќе запише дека Ристе во своите фотографии ги фиксира деталите што одразуваат една цела филозофија или создаваат еден долгометражен филм. Времето на младиот фотограф Ристе Стамаџиев допрва доаѓа, а ние треба да бидеме само трпеливи за времето да работи во негова корист.