Во мемоарите „Нашата куќа во пламен“ на Малена Ерман, мајката на шеснаесетгодишната шведска активистка Грета Тунберг, се зборува за приватната семејна криза, објавува „Гардијан“. Ерман се опишани дијагностицирањето аутизам на Грета и нејзиното станување на најмоќниот глас за заштита на нашата планета.
Шведската оперска пејачка Малена Ерман во книгата пишува за дијагностицирањето на аутизам и пореметувањето во исхраната на нејзината ќерка. Според Ерман, активизмот на Грета и помогнал да го преброди пореметувањето. Ерман во книгата зад која стојат сите членови на фамилијата Тунберг, пишува како таа и нејзиниот сопруг Сванте Тунберг се бореле да се справат со тишината на Грета и нејзиното одбивање да јаде, освен ориз, авокадо и њоки.
– Се изгуби во некаква тама. Престана да свири пијано. Престана да се смее. Престана да зборува и престана да јаде- пишува Марлена Ерман во книгата.