Врховната рада на Украина ја повика меѓународната заедница да го признае Путин како воен злосторник и да ги зајакне санкциите не само против него, туку и против Русите кои се целосно одговорни за нивните власти.
Како што пренесе ДПА, украинскиот Парламент е убеден дека неодамнешните дејствија на Руската Федерација, која ја продолжува целосната војна против Украина, може да се сметаат само за меѓународен тероризам.
Апелот беше потпишан од раководството на Врховната рада и претседателите на парламентарните фракции и групи, а изразен од шефот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Спикерот Стефанчук исто така изјави дека редовните единици на руските вооружени сили и терористичките диверзантски групи распоредени во Украина од страна на Кремљ вршат ракетни напади и гранатираат цивилни населби и објекти, како и критична инфраструктура во сите градови на Украина.
Тој нагласи дека нападот на станбениот блок во Киев на улицата Лобановски 6А е сличен на акциите на терористите на Ал Каеда кои го уништија трговскиот центар Вестгејт во Њујорк во 2001 година.
Врховната Рада им се обрати на парламентите и владите ширум светот со пораката: „Украина денеска очекува поддршка и помош од вас“.
– Ја имаме храброста и силата на вооружените сили на Украина и обичните Украинци да преживееме, но ни треба акција од светот-се вели во соопштението.
Врховната Рада ги повикува членките на ЕУ и НАТО денеска веднаш да го затворат небото над Украина со цел да се запрат терористичките напади на руските сили.