Фото: Маја Јаневска-Илиева

Град Скопје информира дека во раните утрински часови на 20 и 21 август ќе се спроведе авионска дезинсекција против комарци на подрачјето на градот.

Покрај авионското прскање, од 23 до 26 август е предвидена и терестична дезинсекција.

Терестичната дезинсекција ќе се спроведува во периодот од 22.00 до 03.00 часот наредниот ден, соопшти Град Скопје.

Од градската администрација посочуваат дека реализацијата на активностите ќе зависи од временските услови.

 – Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини – се наведува во соопштението.

Град Скопје истовремено ги известува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите за време на спроведувањето на дезинсекцијата.