По одличните концерти во Штип, Битола, Велес и Прилеп караванот „Македонијо во срце те носиме“ во недела, на 1 октомври, ќе гостува во Кочани. Концертот е со почеток во 20:00 часот, а ќе се одржи во Паркот на револуцијата. Веќе ви е добро познато, на репертоарот се „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“… отпеани од златните грла на Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.
„Македонијо во срце те носиме“ е проект со потписот на Скендеровски продукција, во чии рамки се препеани 12 родољубиви песни – сите спакувани во ново руво од маестро Николче Мицевски. Проектот има за цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до младите генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното – нашата земја и нејзиното наследство.
Затоа не пропуштајте ја можноста заедно да пееме во еден глас и да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и, се разбира, да го зачуваме највредното – музичкиот аманет што ни го оставиле генерациите пред нас.