САД соопштија дека го елиминирале водачот на огранокот на терористичката организација Ал каеда во Јемен, Касем ал Рими.

– По наредбата на претседателот Доналд Трамп, Соединетите Држави спроведоа антитерористичка операција во Јемен и успеаја да го елиминираат Касем ал Рими, основачот и водач на групата Ал каеда на Арапскиот Полуостров – соопшти Белата куќа.

За смртта на Ал Рими се вели дека дополнително ја ослабува и Ал каеда на Арапскиот Полуостров и Ал каеда на глобално ниво, со што се елиминираат заканите од овие групи за американската национална безбедност.

Ал Рими се приклучи на Ал каеда во 90-тите години, работејќи во Авганистан за Осама бин Ладен.