Украинскиот претседател Володимир Зеленски воведе санкции за 185 компании и поединци кои ја поддржуваат руската војна, која трае веќе 12 месеци.
-Фирмите и бизнисмените кои превезуваат персонал и воена опрема со железница во име на државата агресор ќе бидат казнети – рече Зеленски во вечерното видео обраќање.
Тој додаде дека конфискуваниот имот ќе се користи во корист на украинската одбрана во војната.
На санкционираната листа има 182 компании, меѓу кои и белоруски кои и помагаат на Русија со испораки.
Зеленски, исто така, рече дека Украина работи на тоа и другите земји да ги блокираат средствата на овие компании и поединци.
Тој, исто така, им се заблагодари на „сите кои помагаат во зајакнувањето на санкциите против Русија“, како и на истражителите кои го откриваат и гонат избегнувањето на руските санкции.
„Во градот Костјантиника во регионот Доњецк, во саботата во руски ракетни напади врз станбени згради загинаа три, а беа ранети 14 лица“, рече Зеленски.
Зборувајќи за изгледите за воена помош од Западот, тој нагласи дека на Украина итно и требаат ракети со поголем дострел за да се одвратат таквите напади.