Фото: Веб-страница на украинскиот претседател

Украина сѐ уште е подготвена да ги продолжи преговорите со Москва, кои се во застој по откривањето на злосторствата во Буча и во другите области во близина на Киев, изјави денеска украинскиот претседател Владимир Зеленски.

– Подготвени сме да се бориме и да гледаме паралелно да ја завршиме оваа војна преку дипломатија – рече Зеленски на прес-конференцијата со австрискиот канцелар Карл Нехамер, кој ги посети главниот град и Буча.