Фото: Принт-скрин

Украинскиот претседател Владимир Зеленски, денеска, на седмиот ден од руската инвазија врз неговата земја и жестоките борби во повеќе градови, изјави дека досега се убиени речиси 6.000 Руси и дека Кремљ нема да може да ја преземе неговата земја со бомби и воздушни напади, пренесоа британските медиуми.

Осврнувајќи се на вчерашниот руски напад врз Бабин Јар – местото на масакрот на Евреите од Втората светска војна од страна на германските окупаторски трупи и украинските помошници, Зеленски кажа дека „овој удар докажува дека за многу луѓе во Русија нашиот Киев е апсолутно туѓ“.

– Тие не знаат ништо за Киев, за нашата историја. Но, сите имаат наредба да ја избришат нашата историја, да ја избришат нашата земја, да нѐ избришат сите нас – додаде тој во денешното видеообраќање.