Вселенскиот патријарх Вартоломеј, духовниот поглавар на околу 300 милиони православни христијани во светот, денеска повика на прекин на воените дејствија во Украина.

-Упатуваме уште еден апел веднаш да се оконча војната. Веднаш да се сопре секој насилен акт, се што шири болка и смрт-се наведува во соопштението на Патријархот.

Тој истовремено изрази поддршка и солидарност до Украинската црква и до напатениот украински народ.

Вселенската патријаршија во 2019 година и даде автокефалност на Украинската православна црква.