Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека војната во Украина може да заврши „кога САД ќе ги напуштат своите сојузници, исто како што тоа го направиле во Авганистан“.
Како што овјави руската новинска агенција „Тас“, Лавров ова го изјавил во интервју за ТВ-каналот „Царград“. Шефот на руската дипломатија рекол дека САД „ги напуштиле авганистанските лидери на кои се потпирале за време на 20-годишната окупација на таа земја“.
– Се надевам дека современите политичари обрнуваат внимание на историјата – рече Лавров.