Фото: Пиксабеј

Израелски висок функционер изјави дека воениот кабинет се очекува да се состане денеска за да разговара за договорот за ослободување на заложниците, бидејќи дипломатските напори за прекин на огнот во Газа се обновени.

– Воениот кабинет се очекува да се состане во Ерусалим вечерва во 21 часот по локално време (18 часот по Гринич) за да разговара за договорот за ослободување на заложниците – изјави неименуван функционер за западни медиуми.