На руската Државна Дума ѝ се предложени измени на Кривичниот законик, според кои е предвидена казна затвор до 15 години за изнесување лажни информации за дејствијата на руската армија во воените операции.

Коавторот на проектот, шефот на Комисијата за безбедност на Думата, Василиј Пискарјов изјави дека првиот дел од измените на законот е предвиден за оние кои прават лажни информации и ги шират, за што се предвидени три години затвор.

Доколку тоа го прават користејќи ја својата службена положба, и во група, преку користење  интернет, предвидена е казна затвор од пет до 10 години.

– Ако некој шири лажни информации и добро знае дека се лажни и дека има опасност од последици по општеството, тогаш следува казна затвор до 15 години – рече Пискарјов.

Се очекува во наредните денови измените на законот да бидат одобрени во сите три читања.