Фото: илустрација

Бројот на палестинските жртви во конфликтот што избувна во петокот минатата недела меѓу Израел и Исламски џихад во Појасот Газа денеска се зголеми на 48, откако на повредите им подлегнаа еден маж и 11-годишно девојче.

Во меѓувреме, две деца од Газа на возраст од 8 и 14 години се борат за живот во болница во Ерусалим.

Повеќе од 300 Палестинци се ранети во израелските воздушни напади во Појасот Газа, а Исламски џихад одговори со ракетни напади врз Израел.

Со смртта на девојчето Лајан ал-Шаер во болницата Муасед во арапскиот кварт во Ерусалим, бројот на убиени деца во конфликтот се зголеми од 17.

Израел објави дека 16 лица загинале поради неуспешното истрелување ракети од страна на палестинските екстремисти, кои паднале во Појасот Газа.

Повеќе од 30 Палестинци, меѓу кои и цивили и неколку екстремисти, беа убиени во израелските напади, меѓу кои и двајца команданти на Исламскиот џихад.

Прекинот на огнот стапи во сила во неделата навечер.

Никој не е убиен или тешко ранет на израелска страна.

Израел и другата, поголема, палестинска екстремистичка организација во Појасот Газа, Хамас, која владее со територијата со повеќе од два милиони Палестинци, војуваа четири пати во последните 15 години.