Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека Европска Унија веќе подготвила санкции против Русија, што треба да бидат одговор на евентуална ескалација на ситуацијата со Украина.
Таа, одговарајќи на прашањето на францускиот неделник „Журнал ду Диманш” (Journal du Dimanche) како може да се натера Русија да ја почитува ЕУ за кризата во Украина, истакна дека ќе следат санкции.
– Јасно е дека секоја агресија против Украина ќе биде проследена со санкции со далекусежни последици. Тие веќе се подготвени. Европските земји се обединети, дејствуваат во координација со САД и НАТО. Ние сакаме добри односи со Русија, но тоа зависи од нејзините постапки. Русија мора да престане со провокациите – посочи таа.