Денес се регистрирани 280 нови лабораториски потврдени случаи на коронавирус, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со ковид-19 изнесува 223.211, информираа од Министерство за здравство.
Оздравени се 156 пациенти, а пријавени се 10 починати лица.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.929 тестирања.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица: по едно починато лице од Скопје , Струмица, Куманово, Охрид и 45 -годишно лице од Крушево. Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се дополнително 5 лица, починати во период од 17 ноември до 22 декември, годинава.
Досега во земјата се направени вкупно 1.574.100 тестирањана. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 223.211, бројот на оздравени пациенти е 210.475, на починати е 7.904. Бројот на активни случаи изнесува 4.832.