Фото: Принт-скрин

-Варшава, Братислава, Будимпешта, Истанбул, Баку. Ги предложивме сите-рече тој во онлајн обраќањето

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја отфрли руската понуда за разговори во Белорусија.

Тој нагласи дека Минск бил соучесник во руската инвазија, но ја остава вратата отворена за преговори на други локации.

-Варшава, Братислава, Будимпешта, Истанбул, Баку. Ги предложивме сите-рече тој во онлајн обраќањето.

Кремљ денеска соопшти дека неговата делегација е подготвена да се сретне со украинските претставници во белорускиот град Гомел.

Руските медиуми јавија дека руска делегација пристигнала во Белорусија на разговори со украинската страна.

–Во согласност со договор, руска делегација составена од претставници на Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и други агенции, вклучително и претседателската администрација, пристигна во Белорусија на разговори со Украинците-изјавил портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.