Фото: принтскрин

Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека открило 20 кинески воени авиони кои влегле во зоната за воздушна одбрана на островот во последните 24 часа.

Тука спаѓаат борбени авиони и беспилотни летала кои ја преминале централната линија на Тајванскиот теснец, претходно неофицијална бариера меѓу двете страни, објави „Хина“, цитирајќи го „Ројтерс“.

Како што се наведува, меѓу авионите имало и ловци Су-30 и Ј-10, како и против-подморнични авиони.

Тајван, кој има демократска влада, Кина го смета за своја територија и веќе три години врши зголемен воен притисок врз островот.

Кинеските авиони рутински ја преминаа граничната линија и во текот на изминатата година, а Кинеското Министерство за одбрана не го коментираше настанот.