Фото: Официјален Твитер-профил на Дејвид Малпас

Претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас му соопшти на претседателот на Украина, Володимир Зеленски дека оваа меѓународна финансиска институција работи на кредитни програми во вредност од околу 700 милиони долари за Украина, кои ќе бидат исплатени до крајот на март.

Малпас истакна дека пред одборот на директори бил даден предлог за зголемување на износот на итниот готовински заем за Украина на 500 милиони американски долари, а новите проекти и реструктуирањето на постојните, ќе обезбедат дополнителни 200 милиони долари како поддршка за итна исплата до крајот на март.

Тој додаде дека Светската банка, исто така, формирала Повеќедонаторски доверителски фонд (MDTF) за да помогне во насочување на средствата од донаторите во Украина, со повеќе од 130 милиони американски долари досега добиени од Велика Британија, Данска, Летонија, Литванија и Исланд.