Фото: Пиксабеј

Кина денеска остро го критикуваше Вашингтон на состанокот на Светската трговска организација (СТО), нарекувајќи ги САД унилатерален насилник и земја која ги крши правилата.

Кинескиот амбасадор Ли Ченганг, на состанокот на СТО, рече дека Вашингтон го информирал за својата намера да поднесе жалба на неодамнешната одлука на СТО, според која американските царини за метал ги прекршуваат глобалните правила.

– Ова вознемирувачко однесување на САД јасно ги прикажа САД како унилатерален насилник, земја која ги крши правилата и го нарушува синџирот на снабдување – рече тој, пренесе Ројтерс.

СТО донесе големи пресуди против САД во последниве недели, вклучително и пресуда за метали во која беше вклучена Кина – пренесе Новости.рс.