Фото: пиксабеј

Според годишното рангирање објавено од Глобал Фајрпауер (Global Firepower) Американската војска останува најмоќна во светот во 2024 година. Македонската армија е рангирана на 110. место од вкупно 145 земји, со коефициент од 2.1717.

Во извештајот се истакнува дека американската војска го зазеде првото место со индекс на борбена моќ од 0,0699 откако демонстрираше „водечки перформанси“ во клучните материјални, финансиски и ресурсни категории.

САД имаат 92 разорувачи, 11 носачи на авиони, 13.300 авиони и 983 нападни хеликоптери – најмногу во светот. Земјата исто така го има најголемиот буџет од 886 милијарди долари меѓу сите 145 земји на листата.

На второ место е Русија со рејтинг од 0,0702. На трето место е Кина со индекс на воена моќ од 0,0706. Четвртото и петтото место ги заземаат Индија и Јужна Кореја, а потоа следуваат Велика Британија, Јапонија, Турција, Пакистан и Италија.

Вкупно 11 земји се вклучени во годишниот преглед на одбранбената способност на балканските сили, меѓу кои Бугарија, Турција, Грција, Романија, Србија, Хрватска, Словенија, Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина и Косово. Освен последните две и Србија, сите споменати земји се членки на НАТО.

Анкара и Атина се на првата и втората позиција на Балканот, со коефициенти 0,1697 и 0,4349. Романските вооружени сили се на трето место со 0,7712. Бугарија е на 5-та позиција (1,0132) меѓу балканските земји, по Србија (0,9038) и пред Хрватска (1,1333).
Рангирањето го комплетираат Словенија (1,8377), Албанија (1,8188), Македонија (2,1717), БиХ (2,2996) и Косово (3,4115).