Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изјави дека социјалните мрежи и оние кои се рекламираат на нив се соучесници во ширењето на екстремизмот и расизмот.
– Водени од профитот, тие го вратија екстремизмот од маргините во мејнстримот. Со користење на алгоритми кои ја засилуваат омразата за да ги задржат корисниците залепени на нивните екрани, платформите на социјалните медиуми стануваат соучесници во ширењето на насилството, како и огласувачите кои го субвенционираат овој бизнис модел – рече Гутереш за време на говорот по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот.
Гутереш долго време изразува загриженост за моќта на социјалните медиуми и повика на подобра регулатива за да се разјасни одговорноста и да се подобри транспарентноста – пренесе Танјуг.