Фото: Пиксабеј

Кина најави дека нејзиниот специјален пратеник за евроазиски прашања следната недела ќе ја започне својата мисија за изнаоѓање политичко решение за украинско-руската криза, јавува Анадолија.

Кинеското Министерство за надворешни работи објави дека Ли Хуи, специјалниот претставник на Кина за евроазиски прашања, од понеделник ќе ги посети Украина, Полска, Франција, Германија и Русија.

„Тој ќе комуницира со сите страни заради политичкото решение на украинската криза“, објави кинеската јавна телевизија „CGTN“.

Соопштението дојде откако кинескиот претседател Си Џинпинг минатиот месец во нивниот прв телефонски разговор од почетокот на војната во Украина му кажа на својот украински колега Володимир Зеленски дека Пекинг ќе испрати специјален пратеник да најде решение за кризата.