Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот Хиндукуш во Авганистан, соопшти германскиот истражувачки центар за геонаукa.

Земјотресот бил на длабочина од 180 километри, додава германскиот центар.

Силни потреси се почувствувани во Кабул, главниот град на Авганистан, а земјотресот се почувствувал и во Исламабад и делови од северозападен Пакистан, како и во Њу Делхи, Индија, јавува Ројтерс повикувајќи се на очевидци.

Засега не се објавени повеќе детали.