По утринскиот напад со беспилотни летала врз Москва, Кремљ се обиде да го минимизира значењето на тој настан, уверувајќи ги граѓаните дека „нема закана“ и дека руската воздушна одбрана „работи како што треба“. Меѓутоа, многумина му замериле на руското Министерство за одбрана што дозволило војната да дојде во главниот град на Русија, а меѓу нив бил и основачот на платеничката група „Вагнер“.
– Вие смрдливи бедници, што правите? Зошто, по ѓаволите, ги пуштате овие дронови да летаат во Москва? – праша Евгениј Пригожин на аудио снимката објавена на Твитер.
– Што да прават обичните луѓе кога ќе видат беспилотни летала со експлозив како летаат кон нивните прозорци. Како граѓанин сум длабоко огорчен – бесно продолжи тој.
Terrorist Prigozhin commented the drone attack on Moscow region in his traditional diplomatic style.
His main points: a) the drones will burn residences of authorities at [elite realty town] Rublevka – that’s fine;
b) Russian people should have some difficult questions for… pic.twitter.com/fo4g5ZmWNY
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) May 30, 2023
Додека руското Министерство за одбрана потврди дека само осум беспилотни летала биле вклучени во нападот, локалните извештаи укажуваат на многу поголема бројка. Најмалку еден руски пратеник рече дека денешниот настан може да значи дополнителна ескалација на конфликтот.