Фото: European Commission /Твитер

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Европската унија сака Западниот Балкан и Украина „да влезат во европското семејство, бидејќи припаѓаат на европското семејство“.

-Европа е изградена на демократски вредности и претставува мировен проект кој е единствен во светот“. И тоа е она кон целат Путин и другите автократи. И овде луѓето разбираат дека тоа ќе влијае на нивните животи – рече Фон дер Лајен на панелот на Конференцијата за безбедност во Минхен.

Според неа, процесот на пристапување во Европската унија, кој во моментов постои, е исклучително важен чекор и веќе „не може да има сиви зони“ во Европа.