Фото: Твитер /Руско МНР

САД никогаш нема да може стратешки да ја поразат Русија, која го отфрла новиот пакет американски санкции против руските компании, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа за телевизијата „Русија 24“ изјави дека новите санкции се продолжување на политиката во обид да ѝ се нанесе стратешки пораз на Русија, пренесе „РИА новости“.

– Залудно ќе треба да чекаат со години за да се случи тоа – рече таа.

Захарова истакна дека САД „измислуваат нешто ново секоја година“ и дека тоа е „или заплашување или нешто друго“, а сега тоа е „стратешки пораз“.

– Тоа никогаш нема да се случи – нагласи Захарова.

Вчера, САД воведоа нови антируски санкции за 37 физички и 192 правни лица поради нивната наводна улога во „штетните активности на руската влада“, потсети „Ројтерс“.