Руското обвинителство денеска пред судот во Химки побара казна затвор од девет и пол години за американската кошаркарка Бритни Грајнер за поседување канабис, пренесе Бета.
Судењето завршува речиси шест месеци по апсењето на кошаркарката на московскиот аеродром и последователниот притвор.
Кошаркарката на Феникс Меркјури се соочува со затворска казна до 10 години. Виновната пресуда изгледа речиси сигурна, со оглед на тоа што Грејнер призна дека во багажот имала електронски цигари полни со масло од канабис.
„Господарот на војната“ е во средиштето на можната руско-американска размена на затвореници
За време на судењето, адвокатите на двократната олимписка шампионка го повторија нејзиното тврдење дека немала криминални намери и дека маслото од канабис влегло во торбата бидејќи брзо се пакувала.
Тие како сведоци ги повикаа членовите на нејзиниот руски клуб, за кој таа игра во вонсезоната во НБА, кои зборуваа за нејзиниот карактер и приложија писмено сведочење од лекар кој рече дека ѝ препишал канабис за нејзината болка.
Исто така, беше кажано дека Грејнер ненамерно го донела маслото во Русија, бидејќи го користела како лек додека престојувала во Аризона, каде што марихуаната е легализирана за медицински цели.
Обвинителот Николај Власенко изјави дека кошаркарката намерно донела канабис во Русија. Не се знае кога ќе биде изречена пресудата.