Руските власти денеска објавија дека со крстосувачки ракети го уништиле најголемото складиште за гориво на украинската војска, во близина на Киев.

– Уништена е најголемиот преостанат резервоар за гориво на украинската армија, кој се користеше за снабдување на единиците во централниот дел на таа земја – изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

Други детали не се објавени.