Фото: Пиксабеј

Предлог-законот што ќе им овозможи на криминалците да се приклучат на руската војска помина во Долниот дом на рускиот парламент.

Согласно законот, во армијата може да се пријават криминалци кои не извршиле кривични дела од сексуална природа, предавство, тероризам или екстремизам.

Договор за воена служба може да се склучи со некој кој е под истрага за сторено кривично дело, чиј случај е на суд или е осуден, но пред правосилноста на пресудата, соопшти Думата. Оние кои аплицираат ќе бидат ослободени од кривична одговорност по завршувањето на нивниот договор или ако добијат воени признанија.

Платеничката група Вагнер регрутирала затвореници да се борат во Украина, но во февруари соопшти дека престанала. Новиот законски акт не опфаќа регрутирање на лица кои веќе ја отслужуваат својата правосилна казна.