Фото: Твитер

Русија ги засилива напорите да постави бариери со кои би го забавила напредувањето на украинските сили на клучните локации што ги брани, вклучувајќи ги оние околу Мариупол, објави британското Министерство за одбрана, а пренесе „Гардијан“.

Според разузнавачките извештаи, руската војска, наводно, користи две фабрики во Мариупол за производство на т.н. „змејски заби“, пирамидални бетонски блокови наменети за спречување на пробивот на воени возила. Производството и користењето на блоковите се надоврзува на веќе поставените бодликава жица и мини, тврди британскиот весник.

– „Змејските заби“ веројатно се поставени помеѓу Мариупол и селото Николске. Мариупол формира дела од рускиот „копнен мост“ од Русија до Крим, што е клучна логистичка линија за комуникација. „Змејските заби“ дополнително се испратени за подготвување на одбранбените утврдувања во Запорожје и Херсон – се вели во извештајот на британското разузнавање.

„Змејски заби“ поставени во Украина/Фото: Принтскрин

Ваквата активност сугерира дека Русија прави големи напори за да подготви одбрана зад сегашните линии на фронтот и да ги забави евентуалните пробиви на украинските сили.

– Конструкцијата на овие појаси ја демонстрира политичката важност на областите каде што тие се поставени. Главното прашање во Украина е дали овие пречки се поставени за воени цели или се само заради политичкиот наратив во Русија – ја анализира стратегијата со поставување бариери пензионираниот австралиски генерал Мик Рајан.

Фокусот на Русија за подобрување на одбраната уследи откако проруските власти во Херсон соопштија дека вратено е снабдувањето со електрична енергија во градот. Украинските сили се доблжуваат до градот во изминатите месеци, со што се предвидува нова битка за стратешки важниот центар.