Руски „Гаспром“ ја прекинува испораката на гас за Европската Унија преку „Северен тек“, пренесува АФП, повикувајќи се на извори од компанијата.

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ објави дека транзитот на природен гас во Европската унија преку гасоводот Северен тек 1 ќе биде стопиран од 31 август до 2 септември поради одржување, пишува АФП.
„На 31 август единствената работна единица за гасен компресор „Трент 60“ ќе биде затворена три дена поради одржување“, соопшти компанијата, истакнувајќи дека сите поправки ќе бидат извршени заедно со експерти од германски „Сименс“.

„Гаспром“ додаде дека „по завршувањето на работите и отсуството на технички дефекти на блокот, транспортот на гас ќе биде вратен на ниво од 33 милиони кубни метри дневно“, што претставува приближно 20 отсто од целосниот капацитет на гасоводот.