Фото: пиксабеј

Русија ја додаде технолошката компанија „Мета“ на листата на терористички и екстремистички организации.

Федералната служба за финансиски мониторинг Росфинмониторинг објави дека од денеска „Мета“ е додадена на листата.

Русија ја означи „Мета“ екстремистичка на 21 март. Во април Русија воведе санкции за извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг.