Voeni brodovi
Фoто: ЕПА

Русија започна со поморски маневри во Тихиот Океан, вклучувајќи вежби за борби против подморници и противвоздушни удари, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во вежбите учествуваат околу 40 пловни објекти и околу 20 хеликоптери и авиони. Маневрите ќе продолжат до 28 јуни во водите на Тихиот Океан, Јапонското Море и Охотското Море –  се наведува во соопштението на Mинистерството.

Во различни фази, морнарите ќе изведуваат ракетни напади врз бродски групи на конвенционален непријател, како и ќе одбиваат напади со беспилотни летала и чамци без екипаж – нагласува Министерството.